„Витаминка“ се ориентира кон здрава храна

Bez autora
Jun 18 2012

Една од концепсиските развојни ориентации на прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ е таканаречената здрава храна. Стручњаците и испитувањата на пазарите, особено на странските, покажуваат дека тоа е перспектива. На постојната технологија веќе се произведуваат неколку видови кекси со амблемот „здрава храна“. Замесени се од суровини без штетни адитиви од генетски немодифицирани култури, со специјални декларации. Тие се со овесни снегулки, диетални влакна и со интегрално пченично брашно. Помагаат за продолжување на човечкиот животен век, го смалуваат холестеролот и позитивно влијаат врз кардиоваскуларните проблеми. Ангажирана е посебна група стручњаци за здравје и за сигурност. Производите се малку поскапи, но се 100 отсто природни, без ништо неприродно, без адитиви. Постепено се појавуваат на пазарот по долги истражувања и по подготовка на рецептите.

„Витаминка“ се ориентира кон здрава хранаЕдна од концепсиските развојни ориентации на прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ е таканаречената здрава храна. Стручњаците и испитувањата на пазарите, особено на странските, покажуваат дека тоа е перспектива.

На постојната технологија веќе се произведуваат неколку видови кекси со амблемот „здрава храна“. Замесени се од суровини без штетни адитиви од генетски немодифицирани култури, со специјални декларации. Тие се со овесни снегулки, диетални влакна и со интегрално пченично брашно. Помагаат за продолжување на човечкиот животен век, го смалуваат холестеролот и позитивно влијаат врз кардиоваскуларните проблеми. Ангажирана е посебна група стручњаци за здравје и за сигурност.

Производите се малку поскапи, но се 100 отсто природни, без ништо неприродно, без адитиви. Постепено се појавуваат на пазарот по долги истражувања и по подготовка на рецептите.

Инаку, прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“ првиот квартал од годинава го заврши со добивка од околу 204.000 евра. Во овој период остварила приходи од продажба во вредност од 300 милиони денари, при што од домашниот пазар 200 милиони денари, што во однос на лани е повеќе за околу 29 милиони денари.

Со 55-годишното искуство „Витаминка“ важи за компанија со традиција која произведува најквалитетни производи. Постојаните иновации кај производите, вложувањето во нови технологии и стандардизацијата се мерките кои континуирано се преземаат. Инсталирани се врвните стандарди. Така, во производствените погони се применуваат ИСО 9001:2008 и ХАЦЦП-системите, кои се доказ за квалитетот и за почитување на критериумите за безбедност на храната.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik